Македонскиот фудбалски првак Шкупи загуби на гостувањето на Гибралтар од тимот на Линколн со 0:2, но благодарение на триумфот во првиот меч (3:0) обезбеди пласман во второто квалификациско коло во Лигата на шампиони во кое го очекуваат два натпревара со Динамо Загреб.
Хрватскиот претставник, во чиј редови настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а во минатото и актуелниот тренер на чаирчани, Гоце Седлоски, ќе биде домаќин на првиот меч на 21 јули. Реваншот е по една недела во Скопје.
Победникот од двомечот ќе ги продолжи квалификациите во Лигата на шампиони, додека поразениот ќе продолжи во квалификациите за групната фаза во Лигата на конференции.