НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фотогалерија) НАСА сподели слики од „Веб“, најмоќниот вселенски телескоп досега

0
By Sashko on July 12, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска претстави серија на фотографии што го откриваат потенцијалот на „Џејмс Веб“, досега најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија која е пуштена во употреба. 

Се смета дека напредните технологии со кои е оспособен овој телескоп ќе го променат начинот на кој луѓето ја гледаат вселената. 

На настанот што започна претпладне во вселенскиот центар „Годард“ во Мериленд, а кој беше пренесуван во живо на Јутјуб каналот на НАСА, официјални лица и претставници на агенцијата споделија сцени снимени во првите недели од работата на „Веб“, лансиран во декември.  

Опсерваторијата, наместо околу Земјата како претходниот вселенски телескоп „Хабл“, кружи во орбита околу Сонцето на растојание од 1.5 милиони километри од нашата планета. 

Четирите слики претставени денеска ја прикажуваа небулата Карина, потоа снимка на четири галаксии наречена Квинтет на Стефан, атмосферски отчитувања од планетата ВАСП-96б која кружи околу далечна ѕвезда и сцена од планетарната небула Јужен Прстен. 

Претседателот Џо Бајден во Белата куќа синоќа откри „длабоко поле“ на вселената, претстава од галаксии создадени во време многу поблиско до почетокот на вселената. Вселенскиот телескоп и мисијата се дело на НАСА, а учествуваа и Канадската вселенска агенција (КСА), како и Европската вселенска агенција (ЕСА).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.