Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала го погоди регионот околу Велигденските острови во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентрот на потресот, според ЕМСЦ, бил на длабочина од 33 километри.
Велигденските острови се посебна територија на Чиле која се наоѓа во Тихиот Океан.