НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

1.000 вработувања во ТИРЗ за шест месеци

0
By Mirjana on July 13, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот човек на ТИРЗ Јован  Деспотовски ги презентира активностите како и резултатите и ефектите од нив за првата половина од годинава во технолошко-индустриските развојни зони.

„Имаме значително покачување на бројките во делот на извозот во првите 6 месеци или во првото  полугодие од годинава  со износ од  1 милијарда  717 милиони евра што е поголем за 11,5 отсто  од истиот период  лани. Раст бележи и увозот кој за првите 6 месеци во областа на зоните ТИРЗ  изнесува  1 милијарда и 600 милиони евра  или за  4,3 отсто повисок увоз споредбено со истиот период лани, нагласи Деспотовски.

Како дополнителен показател кон позитивното работење во ТИРЗ  Деспотовски го наведе бројот на вработени кој за прв пат ја надминал бројката од 15.000 и изнесува 15.016 или за 1.000 вработени повеќе од почетокот на годинава односно за 14 отсто повеќе од лани, што се должи на инвестициската активност минатата година, рече Деспотовски.

Тој се пофали дека минатата година , за прв пат просечната плата во ТИРЗ го надминала националниот просек.

Деспотовски се пофали дека во првите 6 месеци од годинава на планот на привлекување странски инвестиции, успеале да постигнат договор со американската компанија „Герас Хајмер“  која во сопствен капацитет овде ќе инвестира 126 милиони евра што ја прави најголема инвестиција воопшто откако постојат ТИРЗ иминативе 20 години.

„Веќе го потпишав решението за градба , сериското производство почнува во 2024 година. Ќе се произведува медицинско стакло. Нето платата за вработените што ќе бидат доминантно со средно образовние е 40.000 денари, соопшти Деспотовски, кој истакна дека засега се задоволуваат потребите од работен кадар но рече и дека е блиску времето кога пазарот на труд ќе се соочи со дефицит од одредени работни профили.

Деспотовски спомена дека периодов биле постигнати договори со уште 4 компании, чии инвестиции изнесуваат 240 милиони евра кои се во стадиум на финален потпис од Владата.

На почетокот на наредната недела очекуваат да почнат разговорите со многу моќна американска компанија која би требало да одлучи дали своето производство да го отвори тука во земјава или во Србија и Хрватска.  

Тој најави дека очекуваат одговор од  Владата за Скопје – 3 развојната  зона , која очекува да развие добивка од милијарда и петстотини милиони евра во наредните години , инвестиции од 800 милиони евра како и илјдници нови работни  места.

Деспотовски најави и две нови инвестиции кои биле од областа на автомобилската индустрија.  Со едната разговорите се целосно заокружени останувало само да се формализира сето тоа.

Инвеститорите заинтересирани за инвестирање во ТИРЗ, веќе се распрашувале за протестите , но засега било  далеку од тоа тие да повлијаат да биде сменета некоја инвеститорска  одлука.

Мирјана Трпческа

 

 

ДЕСПОТОВСКИ ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.