Published: Wednesday, July 13, 2022 18:27
Хеликоптер, кој најверојатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните информации, станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8 со тројца или четворица членови на екипажот.
Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот.




