НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски на средбата со Урсула фон дер Лајен „дебатирал“ со историски слики и документи

0
By Соња Крамарска on July 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одржа прес-конференција по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која се одржала во просториите на ЕУ.

На средбата тој рече дека и покажал фотографии од убиството на Вера Циривири Трена, стрелањето во Ваташа и депортацијата на Евреите во логорот Треблинка.

Мицкоски наведе дека имале три поенти пред Фон дер Лајен.

„На средбата беа презентирани следните три позиции на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи во говорот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен слушнавме дека ако помине ова кое што го промовира Владата на СДСМ и ДУИ ќе имаме одржување на меѓувладина конференција, дилемата која што ја има ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните е следна: Во членот 11 од документот кај заедничкиот став на ЕУ, јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите додека не биде променет Уставот. Дали е тоа точно оставам експертската јавност да даде одговор“, рече тој и додаде дека ја прашале Фон дер Лајен дали преговорите ќе почнат сега или по промената на Уставот бидејќи, рече, според овој документ читаме дека почетокот на преговорите ќе биде откако ќе биде променет Уставот.

„Или да бидам попрецизен, кога мал дел од бугарскиот народ 550 семејства од последниот каков таков попис ќе бидат дел од преамбулата и нормативниот дел на македонскиот Устав“, рече Мицкоски.

„Втората дилема што ја имам е бидејќи таа спомена во говорот дека нема да зборуваме за историјата, во членот 14 од истиот документ стои спротивно, а тоа е дека деновиве, ќе биде потпишан документ кој што се нарекува протокол, а во тој документ ќе се зборува за се само нема да се зборува за владеење на право, борба против криминал и корупција, подобра економија, поквалитетно здравство, покомпетитивно образование, туку ќе зборуваме за средниот век, за 18, 19 век, чиј бил Гоце, чиј бил Даме, чие било Илинденското востание. Што значи дека според членот 14 и протоколот кој што никој во македонската јавност не го видел ниту пак ја прочитал неговата содржина, ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за иднина, туку ќе зборуваме за проблеми од минатото. Односно, ќе зборуваме како во 21 век да се асимилира македонскиот народ и да се уништи македонскиот идентитет“, изјави Мицкоски.

„Овој член 14  е поврзан со генералните позиции на ЕУ и членот 5 каде што покрај копенхашките критериуми и критериумите дефинирани со договорот за стабилизација и асоцијација само за Македонија, за ниту една земја од овие 27 ниту пак за Албанија не се поставуваат билатералните прашања како критериум. Тука стои дека се потребни годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација на договореното според членот 12 од Договорот за добрососедство а поврзани со протоколот кој што никој не го видел“, вели Мицкоски.

Третата дилема, рече тој, ни е воведната изјава – членот 3 каде што јасно стои дека преговарачката рамка ќе биде преведена на македонски јазик но бугарската страна ќе даде еднострана изјава дека македонскиот јазик е верзија на бугарскиот јазик.

„Тоа е важно затоа што имаме документ од Обединетите Нации од 1977 година и се однесува на стандардизација на светските јазици одржана во Атина пред 45 години каде што јасно стои разликата меѓу бугарскиот јазик и македонскиот јазик со македонското кирилско писмо. И ова го покажав на Урсула фон дер Лајен“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Урсула фон дер Лајен. (С.К.)

 

 

средба со Урсула фон дер Лајен Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.