По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот, информираа денеска од Град Скопје.
Во јавноста се појавија информации дека во изминатите два дена во скопската зоолошка биле заклани повеќе од 10 коњи и мазги, за храна на месојадните животни.
Стаменов, во изјава за Вистиномер тврдеше дека животните ги добил од Агенцијата за управување со одземен имот, но директорот на оваа агенција, Фатон Асани, тоа го негираше.
Тој рече дека не испратиле никакви коњи и мазги во Зоолошката градина.
Во соопштението од Град Скопје се додава:
– Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува.