Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ниту милиметар не е променета – нивните пратеници порано потпишуваа меници, а сега нотарски изјави

0
By НОВА ТВ Balaban on July 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 16, 2022 20:02

Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија којшто им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои ги избрале, рече Ковачевски.

Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која се донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече оти е горд што немаше ниту еден глас „против“ во Собранието.

Во однос на членовите на коалицијата, според Ковачевски секој има право да го изрази своето слободно уверување по однос на секоја точка која се предлага во коалицијата.

Во однос на заверените изјави на нотар на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат промена на Уставот, Ковачевски рече дека оваа партија треба да објасни зошто се против внесувањето во Уставот на граѓаните на Република Северна Македонија кои јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари, како Еѓипќани.

– Зошто би имале тие против и доколку делови од израелскиот народ, односно Евреите во Република Северна Македонија бидат дел од преамбулата на нашиот Устав тие граѓани се богатството на нашата држава. Ние сме граѓанска држава. Не може ако некој решил себе си да се изолира и да ја изолира својата партија, ако решил преку нотарски изјави да ги изолира своите пратеници тоа да го прави на сите граѓани на државата и на целата држава и неа да ја изолира. Тоа е неприфатливо, ретроградно и тоа треба да биде надминато, нагласи Ковачевски.

Според Ковачевски пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието.

– Јас и граѓаните се надевавме дека ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе биде партија што ќе се реформира, но гледаме дека таа политичка партија ниту милиметар не е променета во однос на она што го имавме под водство на нивниот претходен претседател. Во тоа време, нивните пратеници потпишуваа меници, а сега потпишуваат нотарски изјави. Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија којшто им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои ги избрале, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски милиметар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.