Францускиот романсиер Патрик Модиано e добитникот на Нобеловата награда за литература за оваа година.
Лауреатот има 69 години и е 11-от француски писател кој го освоил признанието.
„Патрик Модиано е добро познато име во Франција, но не и на други места. Пишува книги за деца, филмски сценарија, но најмногу романи. Негови теми се сеќавањата, идентитетот и времето. Негово најпознато дело е „Исчезнато лице“ во кое се зборува за детектив кој го изгубил помнењето“, забележува шведската Академија.
Шведската академија му додели 8 милиони шведски круни или 1,1 милион долари за уметност за сеќавање со која успеал да евоцира спомени на најинтензивни човечки судбини и открил каков е животот под окупација.