Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За говорот на омраза Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија ќе ги алармираат институциите

0
By НОВА ТВ Balaban on July 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 17, 2022 19:49

Запрашан дали ќе има реакција за некои зборови како „фашистички“, министерот рече дека тоа е работа на заедничката Комисија за историски прашања. Во однос на тоа доколку стигне нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија за некој споменик каде што пишува фашистички окупатор, Османи рече дека кај нас ќе се реагира според нашиот закон за говор на омраза. 

Идентификување и преземање мерки против говор на омраза во натписи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор ќе биде обврска на Mинистерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија кои ќе ги контактираат и информираат надлежните институции за заедничко идентификување на таквите случаи.

Ова, меѓу другото е предвидено во текстот на Протоколот кој денеска беше потпишан меѓу нашата држава и Бугарија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите по враќањето од Софија го презентираше Протоколот.

Во него, дополнително за говорот на омраза е предвидено дека државите ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.

-Двете држави преку дипломатски канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали како и во јавниот простор на територијата на другата држава и да информираат во разумен рок за преземање активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификувани случаи на говор на омраза, се наведува во Протоколот.

Северна Македонија и Бугарија треба да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција при што секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза. Непочитување на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект.

Министерот Османи појасни дека преку овие точки во Протоколот мининстерствата ќе го следат трендот и доколку увидат дека некој намерно провоцира, ќе ги информираат надлежните институции дека некој намерно провоцира и прави пропаганда.

– Никој не смее да поддржи говор на омраза. Ниту тие кон нас, ниту ние кон нив, нагласи Османи.

Прашан дали ќе има реакција за некои зборови како „фашистички“, министерот рече дека тоа е работа на заедничката Комисија за историски прашања. Во однос на тоа доколку стигне нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија за некој споменик каде што пишува фашистички окупатор, Османи рече дека кај нас ќе се реагира според нашиот закон за говор на омраза.

 

 

говорот на омраза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.