Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за вторник го најави почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и оцени дека тоа е „историски момент“.
Борел изјави дека гласањето во македонското Собрание ја „отвори вратата“ за процесот што ќе започне утре со Меѓувладината конференција во Брисел.
„Ова е добра вест. Немаме многу добри вести, но се надевам дека ова ќе го зајакне нашиот ангажман на Балканот“, изјави Борел.