НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ се договори со Азербејџан да добива повеќе гас преку јужниот гасен коридор

0
By Sashko on July 18, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска во Баку потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство во енергетскиот сектор.

Меморандумот предвидува обврска за удвојување на капацитетот на гасоводот Јужен гасен коридор, со цел до 2027 година да испорачува најмалку 20 милијарди кубни метри гас годишно во ЕУ.

„Зголемувањето на испораките на гас од Азербејџан ќе придонесе за целите за диверзификација на снабдувањето на планот REPowerEU и, исто така, ќе и помогне на Унијата да ја прекине зависноста од рускиот гас“, соопшти Европската комисија.

Азербејџан веќе ги зголеми испораките на гас во ЕУ, од 8,1 милијарди кубни метри во 2021 година на 12 милијарди во 2022 година, врз основа на зајакната енергетска соработка.

Фон дер Лајен рече дека новиот Меморандум отвора ново поглавје во енергетската соработка со Азербејџан, кој е клучен партнер на ЕУ за намалување на зависноста од руските фосилни горива.

„Ние не сакаме само да го зајакнеме постојното партнерство, туку и да поставиме темели на долгорочно партнерство во областа на енергетската ефикасност и чистата енергија“, рече претседателката на Комисијата.

Во Меморандумот се наведува дека ЕУ и Азербејџан имаат заедничка амбиција да го забрзаат развојот и воведувањето капацитети за производство и пренос на енергија од обновливи извори.

Целта, како што соопшти Комисијата, е да се искористи синергијата меѓу транзицијата на ЕУ кон чиста енергија и големиот неискористен капацитет на Азербејџан за енергија од обновливи извори, особено во случај на енергија на море.

Европската комесарка за енергетика Кадри Симсон рече дека Меморандумот ја нагласува стратешката улога на Јужниот гасен коридор во напорите на Брисел за диверзификација.

Симсон рече и дека соработката меѓу ЕУ и Азербејџан не е ограничена само на испорака на гас, туку се однесува и на воведување обновливи извори и решавање на проблемот со емисиите на метан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.