НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Трипати побарав од хрватските власти да го посетам Јасеновац и трипати бев одбиен

0
By Sashko on July 18, 2022 РЕГИОН
Фото: b92.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција презентираше детали за одлуката на Загреб да не му дозволи приватна посета на Јасеновац. Како што изјави, трипати е испратено барање да го посети Јасеновац и секој пат бил одбиен од бесмислена причина, јави дописникот на МИА од Белград.

„Првпат информацијата за забраната за моето одење во Јасеновац, случајно или не во српските медиуми не се појавува. Информацијата за моето неодење во Јасеновац ја објавува „Јутарњи лист“ во 7:20 часот. Зошто се случува ова? – Затоа што мислеа дека ќе излеземе во јавност, но ние мислевме тивко да им предадеме нота на претставниците на Хрватска. Затоа тие тргнаа во напад со луди аргументи. Замислете, Вучиќ сакаше да дојде на наша територија да положи цвеќе и да запали свеќа. Замислете каков хаос тие очекуваа“, наведе Вучиќ.

Тој додаде дека во неколку наврати од Загреб стигнала порака да се пролонгира посетата и молбата беше почитувана.

„Всушност, на 2 септември 2021 година, првпат контактиравме со кабинетот на Пленковиќ со барање да го посетиме Јасеновац. На 4 септември добивме барање да ја одложиме посетата и го направивме тоа. Не известивме никого. Хрватска во секој случај нѝ е важна. Сакавме да спуштиме топка. Јас во март 2022 година го повторив барањето да го посетам Јасеновац. Добив порака дека ниту тогаш не треба да патувам. На 4 март решив да го испочитувам тоа. Ние повторно не излеговме во јавноста. Потоа третпат го известив Милорад Пуповац доколку смета дека е потребно да го извести Плековиќ дека планирам да го посетам Јасеновац, да го направи тоа. Тој веројатно го направи тоа. Јас никогаш не ги поврзав Јасеновац и „Олуја“, но тие да“, рече Вучиќ.

„Реков дека една камера ќе оди со нас. Ќе ја информиравме јавноста дека бевме таму. Срамота е што ниту еден српски претседател за време на својот мандат не бил во Јасеновац. Затоа сакав да заминам и да кажам дека нема да ги заборавиме жртвите што загинаа таму и ништо повеќе од тоа“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека во четвртокот, на 14 јули, добил искрена молба од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, да не оди во Јасеновац.

„Тие кажаа дека се збунети и дека неофицијално слушнале за посетата. Мојот советник за надворешни работи рече дека планот не бил покриен медиумски за да не ја испровоцира хрватската држава. Таа ме извести и реков дека не сакам да слушам бесмислици и дека само сакам да положам цвеќе. И потоа се случи сето ова. Мојот грев се сведе на тоа што сакав да одам во земја на ЕУ и да положам цвеќе. Ми изгледа нелогична забраната. Јас на море во Хрватска не одев, ниту го сакам тоа, само сакам во Јасеновац да одам“, изјави претседателот на Србија.

Тој најави „големи систематски промени во српското образование“ со цел да се зачува споменот на српските жртви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.