Сопругата на поранешниот премиер, Никола Груевски, Боркица Груевска, пред Основниот граѓански суд во Скопје поднела барање за развод, објави Фокус.
Судскиот оглас е објавен јавно во Службен весник, бидејќи Груевски не е достапен, па се информира на овој начин.
„Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари“, се вели во огласот.
За привремен застапник на Груевски е назначена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје.
Фотографијата од огласот осамна попладнево на социјалните мрежи.
Барањето за развод следува три и пол години откако Никола Груевски избега во Будимпешта, за да не издржува казна затвор за случајот со „мерцедесот“.