НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Република“: Обид за државен удар во Украина е причина за чистката на Зеленски

0
By Sashko on July 19, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обид за државен удар против украинскиот претседател Володимир Зеленски е вистинската позадина на неговата ненадејна „чистка“ во врвот и структурите на безбедносниот апарат и Обвинителството под обвинението дека се откривани државни и воени тајни на руската страна, пишува денеска италијанскиот весник „Ла Република“ (La Repubblica).

Во прашање бил и „план на безбедносниот апарат координиран со Москва за радикална промена на власта во Киев и смена на Зеленски од врвот на државата“, додава римскиот весник, пренесува Бета.

Многу медиуми во Европската унија (ЕУ) внимателно ја следеа веста дека Зеленски го разреши шефот на украинската служба за безбедност, неговиот долгогодишен пријател Иван Баканов, како и државната обвинителка Ирина Венедиктова.

Францускиот весник „Монд“, исто така, пишува дека украинскиот претседател „почнал лов по соработници и предавници“ кои биле обвинети дека во најмала рака не знаеле за соработката и велепредавството на нивните подредени во корист на рускиот окупатор“, што сега „ја зајакна позицијата на „сивата еминенција“ во Киев, Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател“.

Шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ од Киев јавува дека „над главата на сменетиот шеф на безбедноста Баканов виси Дамоклов меч од почетокот на руската офанзива, а Зеленски целосно ја изгубил довербата во него кога украинскиот град Херсон падна во руски раце, додека украинските сили не беа во можност да ја проценат и да се спротивстават на рускиот продор“.

Зеленски, додава мадридскиот весник, претходно смени некои клучни генерали на командни позиции и врвот на воената разузнавачка служба.

За општиот заплет во Украина да биде уште покомплициран, зборува и, според Паис, вистинскиот политички земјотрес предизвикан во Киев од американската сенаторка Викторија Спарц, која во писмо до претседателот Џозеф Бајден побара да се истражат можните импликации на моќниот шеф на Кабинетот и најдоверливиот човек на Зеленски, Андриј Јермак, поради неговата наводна поврзаност со Москва.

Во писмото до Бајден, американската конгресменка тврди дека од Јермак протекле информации во Белорусија, што било отфрлено од украинското Министерство за надворешни работи и од владејачката Демократска партија.

На 9 јули Зеленски ги отповика и ги смени украинските амбасадори во Германија, Унгарија, Чешка, Норвешка и Индија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.