Македонски фудбалски првак Шкупи одигра 2:2 против Динамо Загреб на „Максимир“ во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони.
Чаирчани поведоа со голот на Куевен во 25-та минута, но негативата на „модрите“ до полувремето ја анулира македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми во 44-та минута.
Бруно Петковиќ во 86-та минута погоди за пресврт и водство на Динамо З. со 2:1, но само три минути подоцна Реналдо постигна втор погодок за Шкупи и донесе реми на „Максимир“.
Реваншот е наредната недела во Скопје.