Претседателот на Италија, Серџо Матарела го распушти парламентот, со што се отвора патот за одржување на вонредни парламентарни избори, јавува италијанската телевизија РАИ.
Италијанскиот премиер Марио Драги денеска поднесе оставка на функцијата до Серџо Матарела, соопшти претходно Кабинетот на претседателот, пренесува „Ројтерс“.
Матарела притоа побарал од Драги да остане на премиерската функција како вршитек на должноста.