НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британецот не починал од ебола

1
By Нова ТВ on October 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Славица Филиповска
Менче Атанасова Точи

Починатиот Британец немал ебола, покажаа резултатите од лабораторијата во Хамбург. Дополнително ќе се испитува која е причината за смртта.

Од Министерството за здравство соопштија дека врз телото дополнително ќе биде извршена обдукција за да се види од што починал.

Останатите 25 луѓе кои што се наоѓаат под карантин во хотелот во кој што престојувал Британецот и 10-те медицински лица кои беа изолирани на Инфективната клиника веднаш ќе бидат пуштени од карантин.

Надлежните веднаш ја известиле Британската амбасада дека нивниот државјанин немал ебола, а за резултатите известена е и Светската здравствена организација(СЗО)

-На Клиниката за инфективни болести пациентот беше третиран вкупно 45 минути, дека итно е реагирано при неговиот прием и преземени се сите соодветни мерки, согласно клиничката презентација на истата.

Се работи за релативно кратко време и со оглед на покажаните симптоми и клиничката слика кои во тој момент можеа да упатуваат на ебола, пациентот беше со нарушена состојба на свест, асептичен шок, со акутни повраќања, знаци на внатрешно крварење, особено во ситуација на позитивна епидемолошка анкета во тој момент, преземени се сите мерки согласно медицинските протоколи, изјава проф.д-р Звонко Миленковиќ, директор на Клиника за инфективни болести-Скопје.

Телото на починатиот се чуваше во посебна просторија на Инфективната клиника во лимен и дрвен сандак, се додека не се утврди дали бил заболен од смртоносната болест. Починатиот Британец немал крварење од сите делови на телото,како кај еболата, туку внатрешно, што за надлежните сепак, отворило сомнеж дека се работи за смртоносната болест.

-Штом не се работи за инфективна болест, врз телото може да се изврши обдукцијата, соопштија од Комисијата за заразни болести.

Починатиот пациент е бизнисменот Колин Џефри, кој пред неколку години бил прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија, поранешен директор за стратегиски планирања во „Џонсон Мети“.

Неговиот пријател кој до овој момент беше во карантин, е Мајкл Инглиш и бил советник во македонската Влада. Неговата сопруга за англиските медиуми изјави дека не знае од што починал Џефри, но дека е сигурна дека не починал од ебола.

Претходно се огласи и англискиот Завод за јавно здравје, од каде што тврдеа дека смртта на Британецот во хотел во Македонија не е предизвикана од ебола и покрај симптомите кои предизвикаа паника кај народот овде.

-Британскиот Завод за јавно здравје е свесен дека постои непотврден извештај за британски државјанин кој почина во Македонија, кој можеби имал слични симптоми на ебола. Ние сметаме дека е малку веројатно ебола да е причина за смртта, но ќе ја продолжиме соработката со партнерите во истрагата, изјави доктор Брајан Меклоски од Заводот за јавно здравје на Англија, пренесе „Индепендент“.

Сомнителниот случај на ебола ја смести Македонија на насловните страни во светските медиуми. Во земјата има многу странски новинарски екипи кои ги будно ги следат случувањата со сомнителниот случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.