Европската комисија (EK) поднесе четири тужби против Велика Британија поради наводно непочитување на догововор за Брегзит, што влијае врз увозот на стоки во Северна Ирска.
Од Комисијата соопштуваат дека биле приморани да дејствуваат, бидејќи Лондон од февруари не учествувал во „коректна дускусија“ по прашањето. Брисел, истовремено, е загрижен поради Нацрт-протоколот за Северна Ирска што се наоѓа пред парламентот.
Владата во Лондон сака парламентот да изгласа закон со кој еднострано ќе бидат изменети одредени делови од Брегзит, а се однесуваат на Северна Ирска, на што се спротивставува ЕУ, истакнувајќи дека се работи за кршење на меѓународен договор.
Случајот би можел да заврши пред Европскиот суд на правдата и доколку Велика Британија биде прогласена за виновна, ќе мора да плати и соодветна казна.