НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Говорете на македонски: Нашиот јазик веќе три години се изучува во Лондон

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од последниот час на курсот по македонски јазик во летниот семестар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британци се воодушевени од македонскиот јазик и го изучуваат на одделен курс на којшто подетално се пренесуваат знаења и за македонската литература и култура, велат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Веќе три академски години по ред, на Школата за словенски и источноевропски студии на престижниот Лондонски глобален универзитет се одржува курс по македонски јазик. Деновиве успешно заврши летниот семестар на курсот, при што уште еднаш беше потврдена посветеноста на студентите во изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура, но и нивната определба да бидат афирматори на македонистиката во Обединетото Kралство, објавија денес од Меѓународниот семинар.

„Како Семинар изразуваме големо задоволство што по долги години откога престана да работи тамошниот лекторат по македонски јазик, во изминативе три академски години, македонскиот јазик повторно се изучува во Лондон, и тоа на престижниот Лондонски глобален универзитет. Во изминатиот период, настојувавме на секој можен начин да придонесеме за успешноста на курсот, вклучително и преку учебници, односно наставни помагала, но нема да запреме тука. Ќе сториме сè со што може за да оствариме свој влог и во натамошниот квалитет на курсот и во поттикнувањето на слушателите за нивна натамошна посветеност на македонистиката“, изјави директорката на Меѓународниот семинар Весна Мојсова-Чепишевска по повод успешното завршување на летниот семестар на курсот по македонски јазик на оваа реномирана високообразовна институција во Британија.

Таа одделно ги посочува заложбите на професорката по македонски јазик којашто го држи овој курс и на нашата амбасадорка во Обединетото Кралство.

„Враќањето на македонскиот јазик на високообразовна институција во Британија е исклучително значаен чин. Затоа, сакам одделно да ги истакнам заложбите на професорката Ана Илиевска-Завршник, со чијашто заложба се случи македонскиот јазик да се изучува и во рамките на вечерните курсеви на Школата за словенски и источноевропски студии. Но и заложбите на нашата амбасадорка, Александра Миовска, којашто од самите почетоци, со цврста и конкретна поддршка, суштински застана зад овој курс по македонски јазик“, нагласува Мојсова-Чепишевска.

На последниот час од летниот семестар на курсот по македонски јазик, слушателите и студентите имаа средба со амбасадорката Миовска и новоименуваниот британски амбасадор во нашата земја, Метју Лосон, на којшто се разменија искуства од изучувањето на македонскиот јазик и совладувањето на неговите специфики.

Покрај редовната настава по македонски јазик, во чиишто рамки Британците се запознаваат и со македонската литература и култура, изминативе години, на Лондонскиот глобален универзитет, преку овој курс се одржаа и настани посветени на македонистиката, меѓу коишто се издвојува одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, коешто беше и еден од првите настани со коишто се одбележа големиот јубилеј.

Инаку, дел од фондот на библиотеката на Школата за словенски и источноевропски студии на Лондонскиот глобален универзитет се бројни книги на македонски јазик, како и книги од македонски автори преведени на англиски јазик, коишто се постојано достапни и за слушателите на курсот по македонски јазик, но и за сите студенти на Школата. Во рамките на курсот по македонски јазик на оваа реномирана високообразовна установа се користат и учебниците по македонски јазик и учебникот за македонска литература и култура издадени од УКИМ. (Р.Н.)

Лондон македонски јазик Меѓународен семинар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.