Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓавато цел ден гори со променлив интензитет

0
By Соња Крамарска on July 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 25, 2022 00:23

Доцна вечерва пожарот во околината на Ѓавато (општина Богданци) повторно се разгоре и претставува закана за куќите. Подрачјето е зафатено од силен ветер, што дополнитено го распламтува огнот и ги држи жителите во неизвесност бидејќи од 13.30 часот досега постојано гори со променлив интензитет.

Жителите велат дека на терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, Дојран и Гевегелија. Околината е тешко пристапна.

Пред повеќе два часа, претставници од локалното население изјавија дека пожарот повеќе не е закана за куќите и дека е локализиран во делот кон селото. Во тие моменти можеа да се забележи пламени јазици со послаб интензитет и подалеку од куќите.

Од Центарот за управување со кризи, доцна вечерва соопштија дека огнот е пресечен и е под контрола на околу 150 метри од селото и дека е свртен во правец на црквата и гробиштата. Но, предупредија и дека во текот на ноќта постои опасност од негово повторно разгорување.

„Дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија до утре наутро. Огнот за сега има зафатено само една стара куќа на перферија од селото, а пожарникарите ја гасат во моментов“, соопштија од ЦУК.

Пожарот кај Ѓавато и околината почнал околу 13:30 часот, информираше Центарот за управување со кризи. Во првите неколку часа имаше опасност за куќите во селото, но и за блискиот ветерен парк и пумпната станица за вода, која е дел од системот за полнење со вода на Дојранското езеро.

Пожарот засега се гаси само од земја. Дел поради дел временските услови, дел поради тоа што пожарот зеде замав во попладневните часови, не беше побарана хеликоптерска поддршка во гаснење на огнената стихија.

 

 

Ѓавато пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.