По неколкуте убиства на бездомници во предградието Ленгли на Ванкувер денеска, канадската полиција соопшти дека осомничениот е во притвор.
Локалните медиуми утринава објавија дека неколку луѓе се убиени во масовно пукање во провинцијата Британска Колумбија, а локалната полиција издаде итно предупредување и ги замоли жителите да бидат внимателни и советувани да се држат подалеку од критичните локации.
Портпаролот на кралската канадска коњичка полиција изјави за мрежата CBC дека неколку луѓе се убиени, но не прецизираше колку.
Жртвите биле бездомници, а полицијата верува дека нападот бил планиран, пренесоа канадските медиуми. (Р.Н.)