Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на 5 август во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и за билатералните односи, јавија руските медиуми.
Ердоган одигра клучна улога за посредување во договорот што Русија и Украина го потпишаа во Истанбул во минатата недела, со кој се дозволува извоз на украинското жито да продолжи преку Црното Море. Ова ќе биде втора средба меѓу двајцата лидери во рок од еден месец.
Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на 19 јули. Тогаш главна тема беше ситуацијата во Сирија, каде Анкара и Москва имаат различни позиции по прашањето за војната.
На средбата во Сочи, освен Сирија, на дневен ред би требало да биде и Украина.