НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никогаш помалку Германци на возраст од 15 до 24 години

0
By Sashko on July 26, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лицата на возраст меѓу 15 и 24 години сочинуваа само десет проценти од населението во Германија на крајот на минатата година, што е најмалку во последните седум децении.

„Од 1950 година, кога почнала да се води евиденција, најголем процент на млади на возраст од 15 до 24 години имало во 1983 година, кога тие сочинувале 16,7 отсто од населението“, пишува денеска „Дојче веле“.

Бројот на млади луѓе оттогаш постојано се намалува, со исклучок на 2015 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика во Визбаден.

Денес, меѓу германските покраини има доста голем јаз во однос на бројот на млади луѓе на возраст од 15 до 24 години.

Најбројни се во Бремен (11 отсто), а најмалку во Бранденбург (8 отсто). Во источногерманските покраини Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија, нивното учество од 8,3 отсто е значително под просекот, додека покраините Баден-Виртемберг, Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија сè уште се над просекот со 10,6 отсто.

Неодамна објавената студија за главните преокупации на младите во Германија покажува дека нивните животи се обележани со кризи.

Анкетираните млади луѓе како нивни најголеми грижи ги навеле војната во Украина (68 проценти), климатските промени (55 проценти), инфлацијата (46 проценти) и поделбите во општеството (40 проценти).

Студијата, исто така, укажа на катастрофалното влијание на антипандемиските мерки врз нивното ментално здравје, а трите работи што најмногу ги мачат младите Германци се стресот (45 проценти), безволноста (35 проценти) и исцрпеноста (32 проценти).

Дури 27 отсто од младите Германци зборуваат за депресија, 13 отсто имаат чувство на беспомошност, додека седум отсто од испитаниците изјавиле дека размислувале за самоубиство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.