Лицата во Австрија кои се позитивни на ковид-19 во иднина ќе немаат обврска да бидат во самоизолација доколку немаат симптоми на болеста, соопштија денеска властите, пренесе агенцијата ДПА.
Австрија од наредниот месец го укинува задолжителниот карантин за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но не се болни.
Заразените сè уште ќе мора да носат маски надвор од своите домови, освен ако се наоѓаат на отворено или не можат да држат растојание од најмалку два метри од другите лица.
Нив нема да им биде дозволено да влегуваат во установи со загрозени лица како што се болници, домови за стари лица или установи за лица со посебни потреби.