Во удари од гром, за само 24 часа 20 лица загинаа во осум области на сојузната држава Бихар, на истокот на Индија, јави Би-Би-Си.
Во северните делови на Бихар денеска и утре се предвидуваат дополнителни грмежи.
Локалните власти апелираа до населението внимателно да ги следи советите на надлежните служби за справување со катастрофи.