НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

McCann најуспешна агенциска мрежа на фестивалот “Golden Drum”

0
By Нова ТВ on October 13, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На фестивалот „Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum).

„Наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на „Golden Drum” фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност ”- рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa.

Кампањата „Драма во такси” која агенцијата McCann Белград ја направи за „Југословенскиот Драмски Театар” освои златна награда (Golden Drum) во категоријата филм (ТВ, кино и онлајн) и сребрена награда (Silver Drum) во категоријата на директни кампањи.

Агенцијата McCann Тирана, која исто така работи во рамките на I&F McCann Grupа, освои сребрена награда (Silver Drum) во категоријата настани, за кампањата „Ги почитуваме и живите“ посветена на подигнување свесност за безбедност во сообраќајот и е прва агенција од Албанија која добива награда на „Golden Drum”.

Фестивалот „Golden Drum” во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1220 трудови.

„I&F McCann Grupа ” е една од водечките комуникациски мрежи во југоистична Европа која успешно работи во осум земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Бугарија. На меѓународните, регионалните и локалните клиенти им обезбедува најквалитетни стратешки и креативни решенија за развој на нивните брендови, преку сите канали на комуникација. Агенциите кои работат во рамките на „I&F McCann Grupа” се дел „McCann Worldgroup“ (www.mccannworldgroup.com), една од најголемите меѓународни мрежи која денес работи со повеќе од 120 земји во светот, со традиција долга 111 години и која работи во рамките на „Interpublic Group (IPG)“ (www.interpublic.com), најстарата американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк.

Трите наградени спотови можете да ги погледнете на следниве линкови подолу:

Драма во такси – Понапнато отколку во Шекспир

Драма во такси – Достоевски на белградските улици

Драма во такси – Венецијанска освета на српски начин

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.