НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителен предлог против три физички лица и едно правно за пожарот во модуларната болница во Тетово

0
By Sashko on July 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три физички лица и едно правно се најдоа во Обвинителниот предлог на Основното јавно Обвинителство во Тетово за трагичниот пожар во модуларната болница на 8 септември лани кој однесе 14 човечки животи. Засега е непознато кои се опфатени со Предлогот, но затоа се познати делата за кои се гонат.

Тешки дела против општата сигурност е кривичното дело за кое се товарат прво и второобвинетиот во Предлогот на тетовското Обвинителство, а непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е делото што му е припишано на третообвинетиот. 

Две кривични дела се однесуваат за правното лице – предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во пожарот во модуларната болница во Тетово лани загинаа 14 лица од кои 12 пациенти и двајца роднини на хоспитализираните.

Обвинители од Тетово и од Скопје учествува во домашната истрага. Вештачење за причините на пожарот спроведоа и експерти од Германија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) изготви извештај кој го објави по околу еден месец од трагичниот настан во кој се тврдеше дека пожарот настанал како последица од спој преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилаторот со кој се вршела реанимација на еден од пациентите. Прегревањето на кабелот, како што беше наведено во извештајот, предизвикало палење во приклучната кутија од продолжениот кабел на кој покрај дефибрилаторот биле приклучени и полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

ОЈО: Пожарот во тетовската модуларна болница настанал од палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот

Пристигна германскиот извештај за пожарот во модуларната болница во Тетово

Се анализира од што избувнал пожарот во Тетово по кој четворица функционери дадоа оставка

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.