Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се анализира од што избувнал пожарот во Тетово по кој четворица функционери дадоа оставка

0
By НОВА ТВ on September 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 11, 2021 09:22

Министерот за здравство Венко Филипче до премиерот Зоран Заев понуди писмена оставка. Се анализираат сите докази за да се откријат причините за избувнување на пожарот во кој загинаа 14 лица во тетовската модуларна болница. 

По пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, оставка од морални причини понуди министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот заменик и двајцата директори на тетовската Болница исто така поднесоа оставки. Во меѓувреме тече истрагата на истражните органи, а во неа ќе се вклучат и германски експерти од Федералната криминалистичка полиција кои деновиве треба да пристигнат во земјава.

Во обраќањето до јавноста, Филипче рече дека нема зборови што може да ја опишат или да ја надоместат загубата на семејствата на починатите.

– Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа од морални причина понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, рече Филипче.

Претходно, оставки поднесоа заменик-министерот за здравство Илир Хасани и двајцата директори на тетовската Болница.

– Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во овие моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството, напиша заменик-министерот Хасани на социјалните мрежи.

Двајцата директори на тетовската Болница кои преку социјалните мрежи информираа дека поднесуваат оставки од морални причини, изразија надеж дека истрагата ќе заврши што е можно поскоро и дека ќе се разјаснат причините за пожарот.

– По ваквиот трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна. Во исто време, се надевам дека целосната истрага ќе заврши што е можно поскоро и ќе се разјаснат причините за пожарот во модуларниот центар на Тетовската клиника за пациенти со Ковид-19, напиша директорот на тетовската Болница Фљорин Бесими.

Паралелно со ова, во тек е истрагата за утврдување на причините за пожарот. На терен работат петмината јавни обвинители. Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека се преземени мерки за обезбедување на видео-снимки од Клиничката болница, од и околу болницата, околните деловни објекти, станбените згради и куќи, како и видео-материјал објавен од индивидуални поединци и на социјалните мрежи. Издадена е наредба за одземање на целокупната документација од болницата и од изведувачот на градбата во врска со изградбата на модуларната болница. Сослушани се дел од сведоците кои биле на местото на настанот и дел од лекарскиот персонал кој бил присутен во модуларната ковид болница. Донесена е и наредба за ангажирање на вешто лице од областа на електротехниката.

Во истрагата се вклучува и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе ги истражува јавните набавки за изградба на модуларните болници. Вчера до Бирото за јавни набавки и до Министерството за труд и социјална политика издадена е наредба за обезбедување на целокупната документација поврзана со изградбата на модуларните болници.

– Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава. За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници. Прибраните материјални докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти, информираше Јавното обвинителство.

Министерството за здравство претходно соопшти дека ја доставува на увид целосната документација за модуларните болници.

– Стоиме на располагање на сите институции и сакаме да соработуваме и да ја приложиме целокупната документација со која располагаме, за поставувањето на сите 17 регионални ковид-центри во државата, истакнаа од Министерството за здравство.

Оттаму информираа дека по поставувањето на модуларните болници од страна на изведувачот,, извршено е примопредавањето кое го правеле инженери од министерствата за здравство и за труд и социјална политика и претставници од изведувачот и болниците.

– Откако изведувачот ќе ги поставеше модуларните контејнери се вршеше примопредавање на истите. Примопредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот, посочија од Министерството.

Вчера заврши и обдукцијата и идентификацијата на починатите кои се на возраст од 29 до 78 години. Осум од жртвите се жени, а шестмина мажи.

Јавното обвинителство потврди дека од 14-те починати во пожарот, 12 биле пациенти во болницата, а двајца посетители. Оттаму посочуваат дека се истражува причината за присуството на двајцата посетители, односно дали тие подолго време биле присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите блиски.

По налог на Обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од Ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот.

– Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на Обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот, информираше Обвинителството.

Од Ковид центарот во Тетово вчера информираа дека 12-те пациенти кои беа спасени во пожарот се во добра здравствена состојба без повреди од огнот.

– Пациентите кои се спасени се во релативно добра здравствена состојба, кај нив нема знаци на повреди од огнот, немаат кожни или други проблеми од инцидентот таа вечер. За среќа, тие пациенти кои се префрлени во други одделенија за кратко време, биле во подобра здравствена состојба и немало проблеми во тој вакуум при преместување од едно во друго одделение, при транспорт немало проблеми, изјави вчера д-р Гзим Нуредини.

Во пожарот кој избувна во средата вечерта повредени беа и двајца пожарникари. Според сведоштвото на едниот од нив, Игор Симовски, пожарот се гаснел под голем ризик, а пожарникарите се соочиле со висока температура поради присуството на боците со кислород.

– Електричната енергија не беше исклучена, кислородот не беше исклучен и не можеше да се влезе, се гасеше под голем ризик. Можеше да настрада и некој пожарникар од струен удар, имаше детонации од боци, мене ми пукна боца под колено. Ме однесоа до хирургија, примив помош и инфузија. Сега сум добро. Еден колега при пад има истегнување на лигамент. Морам да ја потенцирам големата храброст на колегите што беа на работа, бидејќи знаеја какви услови и каква опасност има внатре. Иако сите знаеја дека струјата не е исклучена – уште кога дојдовме почнаа да пукаат жиците, продолжија со работа за да се изгасне огнот,  изјави вчера Симовски.

Според неговите проценки, првото противпожарно возило стигнало на лице место за четири минути, но објектот веќе бил целиот во оган.

ковид болница оставки пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.