Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека во наредните денови ќе разговара телефонски со неговиот руски колега Сергеј Лавров и ќе изврши притисок за договор за понудата на Вашингтон да обезбеди ослободување на американските граѓани приведени во Москва.
Говорејќи на прес-конференција во Стејт департментот, Блинкен рече дека САД и дале „значајна понуда“ на Москва да ја вратат кошаркарската ѕвезда Бритни Гринер и поранешниот американски маринец Пол Вилан.