НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за Конференциската лифа на УЕФА – Шкендија во трето коло, Македонија Ѓ.П. елиминирана

0
By Sashko on July 28, 2022 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Шкендија обезбедија пласман во третото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва и во реваншот во Скопје ја совладаа Валмиера со 3:1 (2:1) и со вкупен резултат од 5:2 го елиминираа противникот од Летонија.

Бејтулаи во 11-та минута, Дориев во 33-та минута и Рамадани во 85-та минута беа стрелци на погодоците за тетовските „црвено-црни“, единствениот за Валмиера беше дело на Мурата во 25-та минута.

Нареден ривал на Шкендија во квалификациите за Конференциската лига ќе биде шведски АИК, кој со вкупен резултат 4-3 ја елиминираше Ворскла од Украина.

Натпреварите се закажани на 4 и на 11 август.

Фудбалерите на Македонија Ѓ.П., пак, претрпеа убедлив пораз вечерва во Софија од ЦСКА од 4:0 (1:0) во реваншот во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА и по минатонеделните 0-0 во Скопје го завршија настапот во третото, по ранг, европско клупско натпреварување.

Бугарскиот тим дојде во водство по половина час игра преку холандскиот интернационалец Јирген Матеиј, а водството на домаќините го удвои Георги Јомов во 61 минута.

Домаќините го заверија пласманот во следното квалификациско коло со два гола во завршницата преку Лазар Туфекџиќ (78) и Диксон Назон (87).

Елиминација во 1. квалификациско коло во Конференциската лига претходно претрпе Академија Пандев во пресметката со полска Лехија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.