Заклучно со вчерашниот ден, истече рокот до кој граѓаните од социјално ранливи категории можеа да се пријават за да ја искористат мерката за еднократен отпис на долгови. До истекот на крајниот рок, се пријавиле речиси 41 илјада граѓани во центрите за социјална работа низ Македонија.
Поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август. Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса.
Комисиите ги разгледуваат поднесените барања, а целиот процес се очекува да заврши во ноември.