Македонија веќе нема време за губење, порачува евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав два дена по извештајот за напредокот на земјава во ексклузивно интервју за ТВ магазинот Еврозум.
-Вашите соседи веќе го фатија експресниот воз. Тие се движат, а следната станица е месец декември. Има шанси вашата земја да им се придружи исто така, но проблемите мора итно да се решаваат, вели претставникот на ЕУ во Македонија Аиво Орав во интервјуто.
Орав предупредува дека доколку во декември не ја искористиме и годинешната, шеста по ред препорака, за да почнеме преговори за членство во Европската Унија, не е гарантирано дека ќе ја добиеме и в година.
За слободата на говорот, владеењето на правото, отуството на опозицијата од парламентот, како и пораките кои ги носи новиот извештај за напредок во однос на македонската европска перспектива погледнете го целото интервју во видеото.