Пожар во северниот дел на Калифорнија, во близина на границата со Орегон, принуди 2.000 жители да се евакуираат, соопштија локалните власти.
Пожарот, кој избувна во петокот, изгоре голем број куќи и критична инфраструктура.
Во најголемиот пожар во Калифорнија оваа година, во округот Сискију изгореа од 30.000 до 40.000 хектари шума и вегетација.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба, што му овозможува поголема флексибилност во донесувањето на одлуки за одговор во итни случаи и пристап до федералната помош, но исто така ја отвора можноста за пожарникарите од другите делови на САД да помогнат во борбата против пожарите.