Аеродромот во главниот град на Австралија, Канбера е евакуиран поради пукање, јави локалното издание „Стандард нет“. Според информациите, едно лице е приведено како осомничено и се верува дека е одговорно за инцидентот.
Очевидци велат дека слушнале најмалку осум до 10 истрели во близина на шалтерите за пријавување на патници. Повредени нема. Полицијата го потврди аеродромскиот инцидент, без да соопшти детали.
Летовите од и до аеродромот се привремено прекинати, пишува австралиското издание „Дејли мејл“.