НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мина иницијативата на Ѓукановиќ: Изгласана недоверба на Абазовиќ, падна владата на Црна Гора

0
By Sashko on August 20, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците во црногорскиот парламент доцна синоќа изгласаа недоверба на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ. За иницијативата гласаа 51 пратеник од вкупно 81.

Дел од опозицијата пред гласањето се обиде да се договори со Абазовиќ за реконструкција на Владата и влегување во извршната на сите политички партии во парламентот, освен оние кои поднесоа иницијатива за разрешување.

Но, опозициската Демократска Црна Гора на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, која има девет пратеници во парламентот, не ја прифати поканата, туку нејзини претставници се изјаснија за уривање на Владата.

На почетокот на февруари беше сменета и владата што ја предводеше Здравко Кривокапиќ, а оваа на Абазовиќ беше избрана на крајот на април, откако 46 од вкупно 81 пратеник во црногорското собрание ѝ дадоа доверба.

Црногорскиот премиер Абазовиќ претходно изјави дека зад иницијативата за негово разрешување и медиумските напади врз него стои градежниот концерн „Бемакс“, компанија за која тврди дека се занимава со шверц на цигари.

Тој рече дека неговите ставови за шверцот со цигари, кои ги изнесе во Собранието, се директно поврзани со убиствата на главниот уредник на црногорскиот весник „Дан“, Душко Јовановиќ и поранешниот сопственик на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ.

Пратениците од редовите на ДПС велат дека тврдењата на Абазовиќ се невистинити.

Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа.

На почетокот на август, Абазовиќ ненајавено го потпиша Основниот договор со патријархот на СПЦ Порфириј во Подгорица, по што ја загубил поддршката од повеќето партии кои дотогаш беа на негова страна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.