Дури 62 отсто од Германците се незадоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата влада, што е најмногу од почетокот на мандатот, покажува истражување на маркетинг агенцијата Инса за неделното издание на високотиражниот весник „Билд“. Колку за илустрација, незадоволство од канцеларот во март изразиле 46 отсто од испитаниците.
Само една четвртина од Германците сметаат дека тој добро ја врши работата.
Речиси две третини од испитаниците се, исто така, незадоволни од работата на владата во целина. Во март таа имаше поддршка од 43 отсто од Германците.
Социјалдемократите на Шолц, водечката партија на владејачката коалиција, се поддржани од само 19 отсто од граѓаните, значително помалку од опозициските конзервативци, но и од партнерите на СПД, Зелените. На парламентарните избори СПД освои 25,7 отсто од гласовите. Според западни медиуми, критичарите му забележуваат на Шолц за недостиг на лидерски способности.