НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Зеленски: Не се можни преговори, ако Русија организира шоу судењa на заробени украински војници

0
By Sashko on August 22, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема да бидат можни преговори со Русија, доколку таа организира ревијално судење на заробените украински бранители, истакнува во обраќањето украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Започнува 180-от ден од нашата одбрана и нова недела. Не можеа ни да замислат дека ниту сега, по шест месеци ваква брутална војна, ќе ја славиме нашата независност на нашата земја и во нашиот главен град. Но, тоа е така. Ова е наша земја. Ова е нашата независност, која никој не може да ја скрши и никој не може да ја одземе. И знаете дека е така. Сите во Украина го чувствуваат тоа, 180 дена, речиси шест месеци, апсолутното мнозинство од нашиот народ не се сомнева дека ќе ја постигнеме победата на Украина“ вели Зеленски.

Тој нагласува дека Украинците се обединети и дека сега се посигурни отколку многу децении претходно.

„Една од главните цели на руските терористи е да  удираат по чувствата на Украинците, по раните во душите на нашиот народ, исто како и по нашите градови… Тие удираат сурово, цинично. Но, со друго оружје. И не само со пропаганда, не само со лаги. Измачувањето на луѓето, сите оние кои ги трпат најголемите болки, најголемите тешкотии, е едно од ужасните средства за притисок, што стана секојдневие за Русија“, вели Зеленски.

Издвојува дека има доволно информации во медиумите дека во Мариупол се подготвува сценографијата за, како што вели, апсолутно одвратно и апсурдно шоу судење на украинските бранители кои се заробеници на окупаторите.

„Што и да мислат окупаторите, што и да планираат, реакцијата на нашата држава ќе биде апсолутно јасна. Ако се случи ова одвратно шоу судење, ако нашите луѓе се доведат во оваа сценографија со кршење на сите договори, сите меѓународни правила, ако има злоупотреба. Ова ќе биде линијата по која се невозможни никакви преговори. Русија ќе се отсече од преговорите. Нема да има повеќе разговори. Нашата држава кажа се“, нагласи украинскиот претседател.

Сите партнери на Украина, како што посочи Зеленски, се информирани за што може терористичката држава да подготви оваа недела.

„Денеска разговарав со претседателот Макрон за сите закани. За сето ова информиран е и претседателот на Турција Ердоган. Сигурен сум дека ќе реагира и генералниот секретар на ОН. Тие и другите светски лидери добија соодветни сигнали од нас. Секој разбира сè. Тие разбираат што прават окупаторите и што се заканува. И тие разбираат дека Украина нема да го толерира ова. Нема да толерира мачење на луѓе за кои може да се каже само едно: тие се херои на својата татковина, тие ја бранеа слободата на својот народ од освојувачите на нивната земја“, додаде тој.

Дури и во време на војна, смет Зеленски, мора да има правила.

„Моќта на светот е дефинитивно доволна за да ја доведе секоја држава, кој било терорист под власта на овие правила. Па, сите ние, сите Украинци, мора да запомниме една работа: без разлика на се, нашата цел е победа“, потенцира Зеленски во обраќањето.

Извор: frontline.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.