Двајца возачи на автобуси, при контрола на граничниот премин „Табановце“, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин„ Табановце“ извршиле контрола на два автобуса кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р. (40) од село Мојанци, Општина Арачиново и на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
„Државниот инспекторат за транспорт изрече соодветни санкции за возачите и возилата“, соопштуваат од МВР.