Кина денеска успешно лансираше нов сателит во вселената од Центарот за лансирање сателити „Ксичанг“, во југозападната кинеска провинција Сечуан, објави агенцијара „Ксинхуа“.
Сателитот Чуангсин-16, развиен од Кинеската академија на науките, беше лансиран во 10:36 часот по локално време, со ракета-носач „Куаиџу-1А“ и успешно влезе во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и за тестирање нови технологии.
Лансирањето беше 16-та мисија од серијата ракети „Куаиџу-1А“.