Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ (TUI Airways) најавува сезонска линија на релацијата Манчестер – Охрид за наредното лето. Според објавата на операторот, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември во 2023 година.
Бројот на летови на сезонските авиолинии оваа година е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје, од јануари заклучно со јули, се реализирани 457 сезонски лета, што е за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид се реализирани 831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на истиот период минатата година кога имало 352 сезонски лета.
Сезонски дестинации кои авиокомпаниите ги опслужуваат од скопскиот аеродром оваа година се Анталија, Бодрум, Измир, Хургада, Базел, Џеда/Медина, Монастир (Тунис). Во 2021 година од Скопје се леташе сезонски за Анталија, Бодрум, Хургада, Базел и Дизелдорф. Од охридскиот аеродром, пак, годинава се релизираат сезонски авиолинии и до Тел Авив и до Амстердам, како и до Цирих, Ајндховен и Катовице, што беа на располагање и во минатата летна сезона.
Во првите седум месеци од годинавана двата македонски аеродрома се опслужени вкупно 1,3 милиони патници и 10.622 летови.