Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Османи од Блед: Ова е форум на кој по 20 години имаме поинаков наратив

0
By Соња Крамарска on August 29, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 29, 2022 15:08

Шефот на дипломатијата Бујар Османи пред малку соопшти дека пристигнал во Блед, Словенија каде што денес и утре се одржува традиционалниот Бледски стратешки форум. Османи на форумот ќе учествува на утрешниот панел „ЕУ и Западен Балкан: кој е подготвен?“

„Штотуку пристигнав во Блед, Словенија на реномираниот Бледски стратешки форум, партнер но и инспирација за нашиот Преспа форум за дијалог. Морам да кажам дека ова најверојатно е првиот форум после 20 години во кој претставник на Република Северна Македонија ќе треба да има поинаков наратив: сега имам привилегија на овој форум да претставам држава која што има започнато преговори со Европската унија“, рече Османи во видео изјавата објавена на социјалните мрежи.

Тој вели дека на форумот ќе ја промовира Македонија и вредностите кои што таа ги има како и предизвиците со кои ќе се соочи во претстојниот преговарачки процес за членство во Унијата, почнувајќи со скринингот кој за неколку дена почнува со кластерот Фундаменти.

„Скринингот е еден од најсуштинските елементи од самите преговори. Тоа што ќе го утврди скринингот, тоа ќе ја дефинира и динамиката и начинот на преговори. Ќе имам можност и за билатерални средби со колеги од регионот и од Европа со цел да разговараме за европските и регионалните предизвици но се разбира и за билатералната соработка“, најави шефот на дипломатијата на стартот на Бледскиот стратешки форум.

Освен Османи на панелот учествува и американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, европскиот посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит, црногорскиот шеф на дипломатијата и други.

На Бледскиот стратешки форум оваа година дојде претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, шефовите на држави и влади на Словенија, Исланд, Хрватска, Албанија, шефовите на дипломатиите на Шпанија, Франција, Турција, Португалија, Полска, Австрија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, претставници на европски парламент, невладини организации, а видео обраќање ќе има и украинскиот претседател Володимир Зеленски. (С.К.)

Бледски стратешки форум Бујар Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.