НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дезинформација е дека рудниците во Радовиш нема да работат поради високите цени на струјата

0
By Sashko on August 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Твитер се шири дезинформација дека рудниците во Радовиш се затвараат поради високите цени на струјата. Оваа дезинформација ја објави твитер налогот Раинконен и има 70 споделувања, над 250 допаѓања и десетина коментари. Меѓу споделувачите на оваа дезинформација е и членот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Оваа дезинформација оркестрирано се шири од Твитер профили кои се поддржувачи на опозицијата. Најголемиот дел од коментарите се за добивање на политички поени, или ширење на етничка нетрпеливост. Ви пренесуваме дел од коментарите кои се напишани при споделување на дезинформацијата:

„Таа е агендата на калето и стратешките (не) пријатели“. „Жално… Што чекаме народе!?“. „Гајле му е на нашите власти (читај Албанците) за Радовиш, радовишани и било која друга мк фирма. Битно нивните бизниси да цветаат, ама толку се глупи што не сфаќаат дека кога цел тој народ ќе остане без работа и плата к*р ќе се купува и тргува. Ама пак тие си се нафатирани!“. „СДССМ треба занавек да се забрани, да непостои!“, „Дојде живот со Таче Ќурката“…

Вистината е дека од 1 септември годинава рудниците Бучим и Боров Дол ќе прекинат со процесот на производство на определен период во кој е планирано да се направи целосна замена на флотомашините во рудникот Бучим со нова опрема, која што е дизајнирана и изработена од светски реномираната компанија Метсо Оутотек, и да се изгради фотонапонска централа за производство на електрична енергија, со што ќе се постигне намалување на зависноста од цената на електричната енергија на отворениот пазар.

„Проектот за модернизација започна да се реализира уште од септември 2021 година, притоа, во наредниот период се очекува испораката на опремата“, велат од компанијата и нагласуваат дека уште од јануари годинава започнале со активности за изградба на фотонапонска централа.

Во текот на привремениот прекин со производство, од раководството посочуваат дека вработените ќе бидат платени согласно законските прописи, при што дел од вработените ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а во текот на инвестициските зафати, вработените ќе бидат дополнително ангажирани зависно од потребата.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.