Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека не може да се утврди кој ја гранатирал украинската нуклеарна централа Запорожје која е под контрола на Русија од март.
„Не можам да го утврдам тоа. Немаме средства да го направиме тоа. Како што знаете, би морало да се надгледува воената операција во регионот која не само што е надвор од мандатот на МААЕ, туку ќе бара и огромен потенцијал“, изјави Гроси за „Си-Ен-Ен“.
Тој оцени дека состојбата во нуклеарната електрана сè уште е многу загрижувачка и предупреди дека „си играме со оган“.
Гроси на седница на Советот за безбедност на ОН соопшти дека во нападите била оштетена нуклеарната централа Запорожје.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето во околината на нуклеарката.