НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Поништување на Договорот со Бугарија ќе ја запре нашата евроинтеграција

0
By Соња Крамарска on September 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не поддржувам референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа би ја запрело европската интеграција на земјава. Тоа би било исто како да веруваме оти може да го поништиме Преспанскиот договор со Грција, а да веруваме дека може да останеме членка на НАТО, што не е можно“.

Ова е ставот претседателот Стево Пендаровски, што го изнесе денес одговарајќи на новинарско прашање.

„Ова не е мој ад хок став, тоа е втемелено на аргументи и на процес на размислување до што може да доведе ако тој референдум биде успешен. Да нема некоја забуна, да повторам уште еднаш. Ако вие го оспорувате или се обидувате да го оспорите преку референдум билатералниот договор со Бугарија и европските интеграции и преговори, тоа е исто како некој да ви каже дека можете на референдум да го оспорите или поништите договорот со Грција – Преспа и да останете членка на НАТО, што не е можно. Значи, да немаме илузии, билатералните договори со соседите и добрососедските односи како што ги именуваат во ЕУ се еден од клучните предуслови, секогаш и биле, за интеграција на која било држава не само од овој регион, туку на целиот посткомунистички свет по 1990 година“, изјави Пендаровски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со словачката претседателка Зузана Чапутова, повтори оти не може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со, како што посочи, првите, со директните комшии.

Во врска со тоа дали би иницирал средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски, чија партија покрена постапка за распишување референдум, Пендаровски истакна оти секој што посакал да разговара со него за кое било прашање, тоа го добил, и оти и тој како претседател закажувал средби и разговори со сите политички чинители.

„Останувам отворен за разговори за кое било прашање што ги засега интересите на државата и пред се интересите на граѓаните. Меѓутоа, во однос на ова ваше прашање, мојот став е познат, а го соопштив вчера на македонската јавност“, рече Пендаровски. (Р.Н.)

став за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.