Девизните резерви на крајот на август оваа година изнесувале 3.285,7 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 89,1 милион евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (72 отсто) по што следуваат валутите и депозитите (16,5 отсто) и монетарното злато (11,5 отсто), соопшти Народна банка.