Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Немаме време за губење, имаме реформи за исполнување, опозицијата конечно нека заземе став за побрзо да одиме напред

0
By Соња Крамарска on September 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 12, 2022 22:30

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното гостување во „Топ Тема“ изјави дека секој ден, месец или година изгубени сега, ќе не чинат многу на крајот на процесот, затоа е подобро ни ден ни момент да не губиме, ни со реформите, ниту со потребните обврски, затоа што сè што ќе направиме сега ќе го капитализираме.

„Мислам дека ќе може во наредниот период, заедно со ЕУ, заедно со сите оние кои што и сакаат добро на Северна Македонија, да се креира една платформа на која што ќе се приклучат сите што сакаат ова држава да чекори по тој пат. Мислам дека во овој контекст, со војна во Украина, кога ние сме веќе членка на НАТО и ги започнавме преговорите на ЕУ, навистина ќе се најдат пратеници и пратенички групи, а верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ може да се предомисли, бидејќи многу пати до сега се предомислиле за многу работи“, рече Маричиќ.

Маричиќ додаде дека ги познава лично сите пратеници што гласаа за Преспанскиот договор и дека никој од нив не бил ниту купен, ниту уценет и дека сите оние кои што гласаа веруваа дека е тоа исправно.

Вицепремиерот Маричиќ во гостувањето потсети на изјава на лидерот на опозицијата, Мицкоски, велејќи дека за неконзистентноста во изјавите на ВМРО-ДПМНЕ е доказ видеото во кое што Мицкоски му вели на Борисов дека ќе го поддржи Договорот со Бугарија, додавајќи дека тоа значи дека различно кажува на средбите и во јавноста.

На прашањето за почетокот на скриниг процесот и за преговарачката структура, Маричиќ објасни дека главниот преговарач во процесот е носител на активностите, но дека има можност на позициите „главен економист“, „главен правник“ и „главен антикорупционер“ да бидат луѓе кои што не се од политиката.

„Јас работам на тоа, правам консултации овој период како претставник на Владата и како главен преговарач со сите делови на општеството за да дојдеме до најдобрите луѓе и најдобрите имиња, вклучувајќи ја и опозицијата“, рече Маричиќ.

На крајот на интервјуто вицепремиерот истакна дека верува оти има сила во ВМРО-ДПМНЕ да се изборат за да бидат една нормална сериозна европска десничарска партија, наместо да бидат Левица, односно, да се приклонат кон концептот на Левица, бидејќи се сега многу блиску едни со други, додавајќи дека Левица е сепак радикална анти ЕУ и анти НАТО партија и дека е тоа против стратешките интереси на државата.

„Топ Тема“ Бојан Маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.