НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За понезависно и потранспарентно судство – Норвешка ќе донира 6,8 милиони евра за нов АКМИС систем

0
By Sashko on September 19, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Норвешка, заедно со други донатори, е подготвена да инвестира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија, беше истакнато на денешната средба на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија со членовите на норвешкиот Судски совет.

Како што информираат од прес-службата на Судски совет, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска оствари работна средба со директорот на Судскиот совет на Норвешка, Свен Мариус Урке на која двете страни се согласиле дека изборот на судии, нивното оценување и унапредување, кои се во надлежност на Судскиот совет, ќе бидат поцелосни и поквалитетни доколку се дигитализира целиот судски систем.

Директорот на Судскиот совет на Норвешка, Урке ја потенцираше неопходноста од целосно дигитализирање на македонскиот судски систем преку современа информатичка технологија со цел да се олесни пристапот на граѓаните до судството, но и да се создаде поефикасен, потранспарентен и понезависен судски систем. Нагласи дека целата независност на судството во Норвешка се потпира на информатичката технологија.

Црвенковска ја извести норвешката делегација дека Советот во моментот издвојува финансиски средства за процесот на дигитализација на судството и изрази подготвеност за активно да учествува во инсталирањето на нов АКМИС систем, во кој ќе бидат содржани и алатки кои до сега не ги користело македонското судство.

Членовите на Судскиот совет искажале уверување дека со целосната дигитализација и со инвестицијата во информатичка технологија ќе се обезбеди транспаретно и независно судство кое ќе го олесни давањето услуги кон граѓаните, а судските постапки ќе ги направи поотворени за јавноста, со што ќе се врати и довербата кај граѓаните. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.