Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните три дена (од 16 до 18 септември) се направени 1.216 тестови од кои 173 биле позитивни на ковид-19, оздравеле 186 лица и пријавени се три смртни случаи.
Нови случаи се регистрирани во Скопје – 123, во Битола – 16, во Кавадарци – седум, во Прилеп – шест, во Велес – четири, во Куманово, во Охрид и во Штип – по три, во Струмица, во Ресен и во Кратово – по два и во Тетово и во Радовиш – по еден.
Од вкупниот број на позитивни случаи (173), регистрирани се 46 реинфекции.
Во текот на изминатите три дена се пријавени три починати лица – по едно од Скопје (69 год.), од Валандово (75 год.) и од Охрид (79 год.). Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.