Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Мора да ги рушиме стереотипите за жени на лидерски позиции

0
By Sashko on September 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За овие 30 години независност, многу жени, без оглед дали доаѓаат од политичката сфера или од некој друг дел од општественото живеење, покажаа дека имаат доволно квалитети успешно да работат на позициите кои ги имале и имаат, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Денес професиите не ги делиме на машки и на женски, туку нас жените нè има во секоја професија затоа што сметаме дека имаме доволно капацитет и квалитети кои треба да ги покажеме и со кои што треба практично да помогнеме во општественото живеење, а со тоа да и помогнеме и на нашата држава“, истакна Петровска во денешното гостување во емисијата „Приказна“ на Македонската радио телевизија.

Додава дека жените не се само квота и бројка во општеството, туку дека даваат реални и квалитетни резултати. На прашањето дали општеството е подготвено за жена – премиерка или претседателка, Петровска подвлекува дека не станува збор за подготвеност, туку за тоа дали успешните жени се видливи пред јавноста.

„Убедена сум дека нашите граѓани на изборите, без разлика дали се претседателски, парламентарни или локални, во иднина сè помалку ќе носат одлуки врз основа на тоа дали некој кандидат е жена или маж, туку дали ќе бидат уверени во неговите или нејзините квалитети“, смета Петровска.

Во однос на изложеноста на жените на сексизам и дискриминација, Петровска истакна дека таа појава сè уште постои и дека е потребна гласна осуда од целото општество, особено затоа што тоа може да доведе и до други несакани појави како психичко или физичко насилство.

„Јас бев предмет на напади и тоа во голем дел беа лични напади врз основа на мојот изглед, начинот на облекување. Тие веројатно имаа една единствена цел а, тоа беше да ме демотивираат да продолжам по патот по кој сум започнала да одам. Како што гледате и после осум месеци од почетокот на тие напади, јас сè уште сум на истата позиција и не се колебам што сум тука. Им благодарам на сите добронамерни критичари и јавно и приватно кои ми даваат сугестии не само во поглед на моето однесување и облекување, меѓутоа и во поглед на работата, затоа што целта на секој од нас е да се стремиме да бидеме подобри во тоа што го работиме, а секогаш за добрите критики има доволно простор. Но, нападите ми беа изненадување затоа што на оваа позиција, очекував дека ќе дискутираме за критиките за начинот на кој што раководам со Министерството, за политиките кои ги водам и процесите кои се одвиваат, а не за нешто што јас лично го сметам за споредно“, вели Петровска.

Солидарноста помеѓу жените, посочува Петровска, беше видлива и многу важна зашто покажува дека жените и целото општество се обедини во осудата на овие лични напади.

„Општеството гледа што се случува и драго ми е што таквиот тип на реакција го гледам и понатаму, секогаш кога која било жена и во политиката и во јавноста ќе биде предмет на вакви лични напади, неосновани критики или омаловажување. Тоа значи дека ние жените знаеме да се обединиме и да си помагаме меѓу себе“, вели министерката Петровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.